Sefa Mutlu
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
ТЕКНАФ (AA) - По новиот бран на насилство на мјанмарската војска над Рохинџа муслиманите, кој започна на 25 август, десетици илјади муслимански бегалци ја напуштија татковината и своето засолниште го пронајдоа во Бангладеш. Рохинџа муслиманите и понатаму ја преминуваат реката Наф, која ги разделува двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Араканските бегалци секојдневно стасуваат до реката Наф, која е последната пречка во преминувањето на територијата на Бангладеш. Но, преминувањето на последниот дел на патот до Бангладеш не е ниту малку лесен.
За да дојдат до границата и да преминат на територијата на Балгадеш, семејствата со децата и многубројни стари лица приморани се да преминуваат преку плантажи на ориз, а тој пат највеќе се состои од пешачење низ големи слоеви од кал. Тој пат уште потежок го прави и фактот што на бегалците на грб ги носат своите работи, сето она што им останало од запалените села.
На старите лица им е особено тешко да чекорат преку калта. На мјанмарските бегалци во преминувањето преку реката Наф им помагаат локалните рибари кои ги превезуваат на чамци.
Се претпоставува дека досега во Бангладеш пребегале околу 270 илјади муслимани од Аракан.
Под изговорот за борба против милитантите групи, мјанмарската војска во изминатите неколку дена урна најмалку 60 муслимански села од кои десетици илјади жители се приморани да бегаат кон соседниот Бангладеш.
Поради фактот што во кризно подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизен биланс на страдање во нападите на муслиманските населби. Локалните невладини организации јавуваат дека станува збор за илјадници убиени лица.