Ekip,Mohamad Misto
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во источна Гута, која се наоѓа во близина на Дамаск, а која режимските сили ја држат во околината, вчера се одржани протести против ОН, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура и Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Подрачјето на Источна Гута речиси веќе шест години се наоѓа под опсада на силите на Асад.
Жителите на местата Арбин, Сакба, Дума и Земекле во Источна Гута ги протестираа најновите изјави на Де Мистура кој ден претходно наводно изјавил дека е „потребно да се прифати фактот дека опозицијата ја изгубила војната“.
Демонстрантите исто така повикаа да му се суди на режимот на Асад поради употребатa на хемиско оружје против цивилите во Сирија, како што е наведено во неодамнешниот извештај на Независната меѓународна комисија за истрага за Сирија при оН.
Насобраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Мистура постапува како режимот на адвокатот“, „Мистура сака да се предадеме“ и „Зошто Мистура сака да му прости со хемискиот напад на Асад “?
Од друга страна, сириската опозиција во четвротокот го повика Советот за безбедност на Он да одржи седница на која би се дискутирало за судењето на режимот на Башар ал Асад.
Сириската опозиција бара од Советот за безбедност на ОН да одржи седница на која би се разговарало за судењето на режимот на Асад и извештајот на Независната меѓународна комисија за истрага за Сирија при ОН во кој се наведува дека сирискиот режим користел хемиско оружје против цивилите во Сирија со што направил воено злосторство.
Шефот на преговарачката делегација на сириската опозиција Наср Харири на прес конференцијата во Истанбул го повика Советот за безбедност на ОН да дискутира за споменатиот извештај на ОН.
Независната меѓународна комисија за истрагата за Сирија при ОН во средата соопшти дека сирискиот режим на Башар ал Асад користел хемиско оружје против цивилите во Сирија со што сторил воено злосторство.
Во извештајот на Независната меѓународна комисија за истрага за Сирија, во која е следен периодот од 1 март до 7 јули, се наведува дека насилството во земјата погодена од војна и понатаму се продолжува, како и дека цивилите низ Сирија се жртви на напад на режимските сили.
Се наведува дека силите на Башар ал Асад во нападите на подрачјата под контрола на опозицијата користеле хемиско оружје, притоа извршувајќи осмислени напади врз цивилите.
Во извештајот исто така се наведува дека во хемискиот напад во Хан Шејкун во Идлиб бил користен гас сарин, а во нападот во Гута хлор. Се напоменува дека режимот со употреба на гасот сарин ги прекршил конвенциите на ОН против употребата на хемиско оружје.