Elvir Hociç
17 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
РИМ (АА) - Во Италија денес се одбележува 156-годишнина од политичкото обединување, кое се смета почеток на современата италијанска држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Во присуство на државниот врв, денеска во Рим се одржа свечена церемонија по повод одбележувањето на политичкото обединување на Италија, кое се случи на овој ден во 1861 година, со обединувањето на седумте држави од Кралството Италија, кое се протегаше во рамките на денешните граници на Република Италија.
Републиката е прогласена по референдумот во 1946 година.
Тимот за акробатски летови на воздухопловните сили, познат како „Фрече триколори“, денес со спектакуларна програма го обои небото над Рим во боите на италијанското знаме.
На положувањето свежо цвеќе на Споменикот на непознатиот војник во центарот на Рим присуствуваа шефот на државата, Серџо Maтела, премиерот Паоло Џентилони, италијанскиот министер за одбрана, Роберта Пиноти и многу други високи функционери.
Со обединувањето од 1861 година, италијанската држава за првпат го опфати целиот Апенински Полуостров од падот на Римската Империја.