Laith Joneidi,Safiye Karabacak
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
АМАН (АА) - Околу 60.000 сириски бегалци се наоѓаат во камповите Рукбан и Хадлат на јорданско-сириската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Војната во Сирија трае веќе седум години, а Сиријците од ден на ден сѐ повеќе ги напуштаат домовите. Од безбедносни причини, на 60.000 сириски бегалци не им е дозволено да влезат во Јордан.
На пограничното подрачје се формирани овие два бегалски кампа, во кои Сиријците секојдневно се борат за опстанок. Јорданските официјални претставници тврдат дека со помош на хуманитарните организации се обидуваат на овие луѓе да им ги обезбедат основните средства за живот.
Бегалските кампови се наоѓаат во пустина. При доаѓањето во кампот Рукбан, екипата на АА затекна голем ред пред здравствениот центар.
Командантот на граничната полиција Берекат Ел Акил вели дека е одговорен за безбедноста на подрачјето од 450 километри во североисточниот дел на земјата.
Според него, Центарот за хуманитарна помош за овие кампови е формиран пред четири месеци. Тие на сите можни начини се обидуваат да им помогнат на сириските бегалци што се наоѓаат на јорданско-сириската граница.
Акил потврди дека припадниците на терористичката организација ДЕАШ се на само три километри од кампот Рукбан. Тој истакна дека кампот е центар за терористички активности и дека 10 отсто од оние што живеат во кампот се терористи.
Портпаролката на Светската програма за храна (WFP) на Јордан, Шеза eл-Магриби, за АА изјави дека досега во овие два кампа е им е дадена помош на околу 15.000 сириски семејства.
Поради неповолните временски и безбедносни услови, од ноември 2016 година, до јануари оваа година, поделбата на хуманитарната помош е откажана 14 пати.
Магриби истакна дека последната помош на ова подрачје стигнала на 15 јануари.
Портпаролот на УНЦХР за Јордан, Мухамед ел Хивари појасни дека во кампот Рукбан се наоѓаат 55.000, а во Хадлат 5.000 лица.
Според податоците на УНЦХР, во Јордан кој има 375 граница километри со Сирија, се наоѓаат 1,3 милиони сириски бегалци.