Ayşe Aktaş
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ЛИМА (АА) - Најмалку 48 лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи откако автобус падна во провалија во близина на Лима, Перу, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека автобусот кој се движел од Хуача до Лима и во кој се наоѓале 57 патници, најпрво се судрил со трактор со приколка, а потоа паднал во 100 метри длабока провалија.
Автобусот паднал до брегот на Пацификот, а Клаудија Еспиноза од противпожарното одделение, изјави дека спасувачката операција е отежната бидејќи немало директен пат кон брегот каде што паднал автобусот.
Еспиноза додаде дека шестмина повредени биле префрлени во блиските болници, додека тројца патници се водат за исчезнати.