Ayşe Aktaş
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ЛИМА (АА) - Помилуваниот поранешен претседател на Перу, Алберто Фуџимори, од болничката постела побара прошка од нацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради кршењето на човековите права и други кривични дела сторени за време на десетгодишниот мандат во претседателството, Фуџимори служеше 25-годишна затворска казна, а актуелниот претседател на Перу, Педро Пабло Кучински го помилува поради неизлечива болест.
Ослободувањето на 79-годишниот Фуџимори предизвика бран масовни протести во Перу.
Преку видео-снимка, Фуџимори синоќа од болничката постела ѝ се обрати на нацијата и побара прошка.
„Можеби пристрасно се однесував кога бев на власт. Со сето мое срце го молам народот за прошка“, порача Фуџимори.
Алберто Фуџимори беше претседател на Перу од 1990 до 2000 година, а на почетокот од 2015 година е осуден на осум години затвор бидејќи во пресрет на изборите во 2000 година на медиумските куќи им дал 40 милиони долари за кампања против опозицијата.
По скандалот Фуџимори побегна во Чиле каде што е уапсен и вратен во Перу седум години подоцна. Судот во Перу му изрече 25-годишна затворска казна за низа тешки кривични дела кои ги сторил за време на претседателскиот мандат, а меѓу останатото, прогласен е за виновен и за издавање наредба за 25 убиства.
Уставниот суд во Перу минатата година во жалбена постапка го ослободи од првобитната затворска казна и оцени дека нема докази дека ги поткупувал медиумите.