Sinan Uslu
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 17 припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во нападите на турските воздухопловни сили на северот од Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските борбени авиони синоќа извршиле напад врз скривалишта на терористите на ПКК на планините Метина и Гара, во северниот пограничен појас на Ирак.
По дополнителни извидувачки активности е утврдено дека гаѓаните цели се уништени и притоа се неутрализирани најмалку 17 терористи.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое е познато како колевка на терористичкото движење ПКК.