Ekipa
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
ЛИМА (АА) - Повеќе објекти се уништени, а најмалку едно лице загина во силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер кој го погоди брегот на Перу, објавија локалните власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот завод за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 42 километри југозападно од перуанската област Акари, на длабочина од 12 километри.
Гувернерката на провинцијата Арекипа, Јамила Орозио, на Твитер (Twitter) објави дека најмалку едно лице загинало и дека има информации за урнати згради, како и за прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Американскиот пацифички центар претходно издаде предупредување за цунами, наведувајќи дека постои закана од разурнувачки бранови во одредени делови на Перу и Чиле.
Кратко потоа објавена е нова информација дека повеќе не постои опасност од цунами и дека центарот не забележал бран што може да претставува закана.