Ömer Aydın
14 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Поради сомнение дека содржи бактерија салмонела, од пазарот на 83 земји повлечени се 12 милиони пакети млеко во прав произведено во Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Емануел Бесниер, извршен директор на компанијата Лакталис (Lactalis), производителот на храна за бебиња и млеко во прав, за првпат за неделниот весник „Journal du Dimanche“ говореше за заразеноста на храната за деца со бактеријата.
Бесниер рече дека постои можност детската храна заразена со салмонела е продадена во 83 земји.
Тој рече дека во тек се судските процеси и истрагата, и дека на семејствата што се оштетени ќе им биде исплатена одштета.
Бесинер, кој изрази длабока загриженост, потсети дека одлуката за повлекување на сите производи произведени во фабриката во градот Краон, беше донесена по разговорите со францускиот министер за економија Бруне Ле Мар.
Во фабриката Лакталис во Креон, Франција, во август минатата година беше откриена салмонела. Лакталис претходно соопшти дека постои ризик и дека околу 200.000 пакувања со храна се заразени со бактеријата.
Иако присуството на бактеријата беше откриено во август, јавноста беше информирана за тоа дури во декември 2017 година.
И покрај одлуката за повлекување на производот, за кој постои веројатност дека е заразен, синџирот на супермаркети, меѓу кои и „Intermarché“, „Auchan“, „Cora“, „Carrefour“, „Super U“, „Hyper U“ и „E. Leclerc“ продолжија да го продаваат.
Во Франција поради заразената храна хоспитализирани се 35 деца, а слични случаи се забележани и во Шпанија и Грција.