Bakir Tiro
22 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Организаторите на релито Дакар денес истакнаа дека јубилејното 40. издание на престижната трка ќе започне на 6. јануари 2018 година во Перу, и дека етапите ќе бидат возени и во Боливија и во Аргетина, јавува Anadolu Agency (AA).
Десеттата рели трка „Дакар“ на јужноамериканско тло ќе биде отворена на 6. јануари во Лима, а ќе заврши на 20. јануари во Кордоба.
Оваа година, релито Дакар изобилуваше со голем број несреќи, повреди и откажувања на возачите. Победник во конкуренцијата на автомобили беше Французинот Стефан Петерханзел. Меѓу велосипедистите, прво место освои Британецот Сем Сандерланд.