Ekipa
06 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ДАКАР (АА) - Илјадници семејства во главниот град на Сенегал, Дакар, живеат од риболовот, пишува Anadolu Agency (AA).
Дакар е јазол на западна Африка, космополитски град во кој луѓето најмногу се занимаваат со трговија. Во него може да се види француската архитектура која влече корени уште од колонијалниот период, но и современи градби. Во сенегалската престолнина може да се видат дела од африканските архитекти, голми булевари, но и тесни авении, егзотични пазари. Но, во Сенегал има и многу сиромашни делови од градот.
Рибниот пазар „Сиомбедиом”, е многу важен за голем број жители кои преживуваат од риболовот. Откако ќе поминат извесно време на море уловот го носат на пазарот, каде што го продаваат на граѓаните.
Риболовот е професија што се наоѓа на врвот на листата најзастапени професии во Дакар.
Дакар е најзападниот африкански град поради што претставува центар на европската и трансатлантската трговија со Африка. Овој факт му помогна да се развие во главно пристаниште во регионот.