Cemil Oksuz
22 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
М'БОУР (АА) - Во паркот на природата „Бандиа”, кој е лоциран во близина на Дакар, во Сенегал, посетителите можат да видат мајмуни, жирафи, зебри, носорози, ноеви и други животни карактеристични за африканскиот континент, јавува Anadolu Agency (AA).
Паркот е основан пред 25 години и се протега на површина од 3.500 хектари, а во својот состав има езеро населенo со крокодили и желки.
Љубителите на птици во овој парк може да пронајдат повеќе од 100 видови птици, како и старото дрво баобаб.
Посетата на паркот е уште попријатна со искусни водичи кои на домашните и странски туристи им овозможуваат најдобра релаксација во паркот.
Влезот во паркот е дозволен само со одредени возила, а во текот на турнејата на посетителите им се препорачува да бидат повнимателни.