Enes Kaplan
01 Март 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
ДАКАР (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, e свечено пречекан во Сенегал, јавува Anadolu Agency (AA).
Во претседателската палата го пречека претседателот на Сенегал, Маки Сал. Потоа следуваше состанок на двајцата претседатели и делегациите.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, од понеделникот, 26 февруари, престојува во шестдневна посета на четири земји на африканскиот континент, Алжир, Мавританија, Сенегал и Мали.
Нагласено е дека теми на билатералните и меѓуделегациските состаноци со претставниците на наведените земји се билатералните односи, можностите за јакнење на соработката, како и за регионалните и глобалните случувања.
Ердоган веќе ги посети Алжир и Мавританија. На крајот од посетата на африканскиот континент е планирана и посета на Мали.