İnci Gündağ
01 Март 2018•Ажурирај: 02 Март 2018
ЛОНДОН (АА) - На две мумии во Британскиот музеј во Лондон се откриени тетоважи, јавува Anadolu Agency (AA).
Со инфрацрвена метода е откриено дека на мумиите се истетовирани различни фигури.
На десното рамо на женската мумија се забележани низа мали „С“ мотиви и стеги, а кај машката мумија има тетоважа на див бик и коза. Експертите сметаат дека тетоважите претставуваат статус, авторитет и мудрост.
Телата се закопани во египетскиот Гебелеин, а мумифицирани се како последица на екстремните климатски услови.
Мумиите се пронајдени пред 100 години, а се претпоставува дека се стари 5.000 години.
Со новото откритие се претпоставува дека тетовирањето на подрачјето на Африка е присутно од пред 1.200 години.