AP
01 Март 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кина планира да изгради носач на авиони на нуклеарен погон, кој на море би можел да служи подолг временски период, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најголемиот кинески произведувач на воени пловила „CSIC“ соопшти дека работата на изградбата на првиот таков брод од домашно производство е веќе започната, пренесуваат домашните медиуми.
Информацијата ја пренесоа сите кинески медиуми, но на веб-страницата на компанијата такво соопштение не може да се најде.
Носачите на авиони на нуклеарен погон како оние од класата на американскиот „Нимиц“ можат да служат до 20 години без полнење.