Murat Karadağ
19 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
ДАКАР (АА) - Портпаролот на војската на Сенегал, Абду Диаје изјави дека нивните трупи влегле во Гамбија, со цел да го принудат досегашниот претседател Јахја Џамех да ја отстапи власта на тукушто инаугурираниот претседател на земјата Адама Бароу, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој им истакна на новинарите дека првите трупи на членките на Економската заедница на западноафрикански држави (ECOWAS), од која дел е и Сенегал, влегле во Гамбија и се на пат кон главниот град Банџул.
Воената активност е започната откако вечерва Советот за безбедност на ОН и пружи поддршка на Економската заедница на држави, која претходно планираше воена интервенција за да помогне Бароу да ја преземе власта во земјата.
Советот за безбедност на ОН итна седница свикана поради политичката криза во Гамбија, со поддршка на сите 15 земји-членки, усвои резолуција предложена од Сенегал.
Официјален претставник на Економската заедница на западноафрикански држави, кој сакаше да остане анонимен, за АА рече дека воените трупи на Сенегал ја преминале границата со Гамбија и влегле во градот Фарафени.
Истакна дека војската на Гамбија не пружила никаков отпор на единиците на ЕКОВАС (ECOWAS).
Локалните сили во Фарафени мафтаа со бели знамиња и дозволија единиците на ЕКОВАС без проблем да влезат во градот, рече истиот функционер.
Бароу денеска положи заклетва во амбасадата на Гамбија во главниот град на Сенегал, Дакар.
Сепак, долгогодишниот лидер на Гамиа Џамех, кој од 1994 година со воен удар ја презеде власта, не сака да отстапи од должност, иако е поразен на избори минатиот месец.
Трупите на сенегалската армија влегоа во Гамбија недолго откако Бароу е инаугуриран за нов лидер.
Инаку, ЕКОВАС претходно донесе одлука дека ќе покрене воена интервенција во Гамбија доколку Џамех не отстапи од власта.