Michael Hernandez
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот Барак Обама е отворен по прашањето за испраќање на американски вооружени сили во Сирија, соопштија вчера од Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Соопштението доаѓа ден откако американскиот претседател официјално објави дека САД ќе испрати американски контингент од 250 специјалци во Сирија за да помогнат во борбата против ДАЕШ.
„Ако овој дополнителен ангажман на дополнителни трупи даде позитивни резултати и министерството за одбрана потврди дека повторното ангажирање ќе придонесе за дополнителни резултати”, изјави потпаролот Џош Ернест, „Мислам дека тоа претседателот ќе го земе в предвид".
Пентагон се надева дека дополнителите 250 трупи ќе направат „видлива разлика" во кампањата против ДАЕШ.
Неодамнешното објавување за испраќање на сили за специјални операции како и медицински и логистички персонал по само неколку недели откако Вашингтон даде дозвола за 217 дополнителни трупи во Ирак.
На крајот од минатата година, САД испрати околу 50 специјални сили да ги обучуваат и да им помогнат на трупите во северна Сирија во борбата против ДАЕШ.
Полицијата наводно извршила рации кон раководството на терористичката група.
Распоредувањето на трупите може да биде клучно за локалните сили кои што ги „пикираат” Рака во Сирија и Мосул во Ирак (главни средишта на ДАЕШ), но и вовед во потецијални офанзиви против тие градови.
Овие кампањи може да се покажат како едни од најтешките за ДАЕШ. Оваа терористичка група ги окупираше градовите уште во 2014 година, имајќи доволно време да се воспостават позиции на бојното поле за жестоко урбано војување.