Felix Nkambeh Tih
23 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
ДАКАР (АА) - Турската фондација „Маариф“ ја изрази својата посветеност за обезбедување квалитетно образование во Сенегал преку новиот начин на управување со училиштата што претходно беа поврзани со групата што го изврши минатогодишниот обид за државен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Заедно ќе создадеме квалитетно образование, кое ќе се стреми најдобро да одговори на сите очекувања“, изјави синоќа Махмут Мустафа Оздил, член на Управниот одбор на фондацијата.
Тој даде изјава на прес-конференцијата одржана во резиденцијата на турската амбасадорка во Сенегал, Нилѓун Ердем Ари, фокусирајќи се на активностите на турската фондација во Сенегал и на одлуката да се преземе раководството во училиштата што беа поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Оздил нагласи дека фондацијата планира да започне со управување на училиштата во наредната учебна година.
„Условите се такви што ние можеме да го понудиме целиот наш опсег, од предучилишно до високо образование“, изјави тој.
Минатиот декември Владата на Сенегал одлучи да го промени раководството на училиштата „Јавуз Селим“ по неуспешнот обид за државен удар во којшто загинаа 250, а беа повредени илјадници лица.
Успокојувајќи ги родителите кои се плашат од затворање на училиштата, Оздил рече: „Имаше многу дезинформации... Никогаш не стана збор за затворање. Тоа е континуитет под надзор на фондацијата“.
„Нашиот приоритет е да обезбедиме квалитетни услуги“, додаде тој.
Во врска со ова, амбасадорката Ари изјави: „Двајцата шефови на државите се согласија да биде префрлено раководството на училиштата. Турција има големо искуство во полето на образованието и има намера да го сподели своето искуство со партнерите“.
Ари исто така вети дека ќе ги задржи сенегалските професори кои работат во институциите, како и дека ќе вработи нови.
Терористичката организација ФЕТО, чиј лидер е Фетула Ѓулен, стои зад обидот за државен удар што се случи минатата година во Турција,при што загинаа 250 лица, а околу 2.200 се повредени.