Gülbahar Sayım
06 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
ДАКАР (АА) - Во сообраќајна несреќа што се случи во Сенегал, животот го загубија 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници од здравството за АА изјавија дека во централниот дел на земјата, во близина на градот Туба се случила сообраќајка кога патнички автобус се судрил со автобус што доаѓал од спротивната насока.
Во несреќата животот го загубија 25 лица, а 10 се повредени. Патничкиот автобус превезувал патници кон градот Туба по повод започнувањето на религиозните церемонии во земјата.
Градот Туба е познат како град на шехот Ахмаду Бамба, од сектата Муриди. Шехот Бамба во 1887 година, инспириран од дрвото Туба (блаженство), чие име е споменато во куранот, во Сенегал го основал градот Туба околу едно големо дрво од овој вид. Од тој ден наваму, муслиманите од Сенегал овој град го сметаат за свето место.
Во тој период, Бамба ја формира и сектата Муриди, како реакција на мисионерските активности на западниот свет, и е познат како личност што се трудела да го задржи муслиманското население во сопствената вера.
Француската колонијана власт го протерала Бамба во Гамбија, каде што 7 години живел изолирано во шумскиот предел на земјата. Илјадници муслимани во спомен на прогонот на Бамба, секоја година во овој период доаѓаат во градот Туба.
Одговорните лица соопштуваат дека и претседателот на државата, Меки Сала, заминал за Туба да ги следи активностите во градот.