Alaattin Doğru
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ДАКАР (АА) - Најмалку 13 лица се убиени, а девет се ранети во оружен напад на припадниците на вооружена група во јужниот дел на Сенегал, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на вооружената група кои делуваат при бунтовничкото Движење на демократските сили на Казаманса (MFDC), отворија оган на група лица кои тргнале во сеча на дрва. Притоа загинаа најмалку 13, а повредени се девет лица. Повредените се префрлени во локалната болница.
Официјален претставник на војската, полковникот Абдул Диаје, изјави дека е покрената потрага по напаѓачите и додаде дека имало најмалку 15 напаѓачи.
Тој додаде дека припадниците на војската стигнале на местото на нападот во најбрз рок, но напаѓачите веќе побегнале во непознат правец.