Alaattin Doğru
24 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
ДАКАР (АА) - АЛАТИН ДОГРУ -
Резерватот „Бандија“, кој се наоѓа на далечина од 65 километри од Дакар, главниот град на Сенегал, на своите посетители им нуди примери од африканскиот животински свет, пишува Anadolu Agency (AA).
Резерватот „Бандија“ е основан во 1990 година како единствен приватен парк за животинскиот свет во земјата, со површина од 1.500 хектари.
Резерватот „Бандија“, покрај со дрвјата боабаб, кои му даваат различна карактеристика, украсен е и со различни грмушки. Од животинскиот свет во него живеат жирафи, зебри, диви свињи, расни коњи, африкански елени, бикови, антилопи, газели, мајмуни, верверици и мунгоси.
Во резерватот, кој го посетуваат голем број локални и странски туристи, има само носорози и биволи од таканареченото семејството на големи животни (слонови, лавови, леопарди, носорози и биволи), кои можат да се сретнат при авантуристичко патување низ африканските земји.
Во паркот, каде што крокодилите и хиените се чуваат во кафези, има и шакали кои ловат претежно при слаба светлина, најчесто во мугри и самрак.
Иако во паркот од мршојадните животни има мал број шакали и хиени, сепак резерватот „Бандија“ не ја губи карактеристиката на „парк на диви животни“.
Можно е да се видат огромни копнени желки во областа на природниот парк, која е домаќин на скоро 120 видови птици, вклучително и ноеви.
Во резерватот има примери на колиби кои припаѓаат на Фуланите, најголемото племе во Африка.
- Човечки коски погребани во корените на дрвјата баобаб
Кај дрвјата баобаб во паркот, особено кај постарите, внимание привлекуваат човечките коски во шуплината на стеблото.
Овие коски покажуваат дека некои групи, кои сметале дека овие дрвја се свети, ги користеле како гробишта.
- Најпродуктивното време за шетање е наутро
Во резерватот „Бандија“, кој е оддалечен околу 1 час од главниот град, е дозволено да се шета само со автомобил.
Бидејќи животните обично шетаат низ паркот во раните утрински часови, пред резерватот во раните утрински часови се формира редица автомобили.
Резерватот е во приватна сопственост и со него раководат 8 лица од кои 4 се Сенегалци, 3 Германци и 1 е Белгиец.