Fatma Esma Arslan
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Преселен е бегалскиот камп кој се наоѓаше во 18-тата област на Париз, во паркот Жардан д-Еол, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во утринските часови дошла во паркот и околу 500 бегалци привремено ги префрлила во бегалски центри во Париз и во други региони на Франција.
Во паркот воглавно претстојувале бегалци од Судан, Еритреја, Сомалија и Авганистан.
Бегалците од паркот од минатата година досега неколкупати се префрлани, но тие повторно се враќаат во паркот. Тие сакаат од Париз да заминат во Кале, од каде би се префрлиле кај своите роднини во Англија. Но нив ги очекуваат големи опасности на тој пат. Бегалците кои пристигнале во Кале, откако ќе се стемни пешачат со километри до места на автопатот на кои нема полиција. Откако ќе дојдат до автопатот, тие се надеваат дека ќе имат шанса да се фатат за некој камион или шлепер со цел да стигнат до Ангилја. Но, за жал, најголем дел од бегалците, откако ќе влезат на автопатиштата биваат прегазени од возилата и камионите.
Париските власти во моментот се критикувани поради тоа што не гради постојан центар во кој би биле сместени бегалците. Последната година, особено од Париз, се евакуирани од над 20 локации на кои бегалците имаа формирано кампови.
Здруженијата за човекови права и бегалци бараат веднаш да се најде решение за бегалците кои се дојдени во Франција.