Laith Joneidi,Afra Aksoy
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
АМАН (АА) - Пет лица загинаа во напад на разузнавачка канцеларија сместена во кампот Бека, во близина на Аман, главниот град на Јордан, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпаролот на владата, државен министер за медиуми воедно и челникот на државната јорданска новинска агенција, ПЕТРА, Мухамед ел-Мумени изјави: „На северот од главниот град, во бегалскиот камп Бека, извршен е напад врз разузнавачката канцеларија. Во нападот животот го загуби еден член од обезбедувањето, еден вработен во канцеларијата и тројца офицери на разузнавачката служба“.
Мумени истакна дека нападот бил извршен во раните утрински часови во првиот ден од месецот рамазан и додаде дека сторителите на овој инцидент не ги ценат верските вредности чим извршиле вакво тешко кривично дело.
Во изјавата тој вели дека безбедносните сили вршат истражување на местото на настанот со цел откривање на извршителите на нападот.