Ahmet Sait Akçay
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Масовна гробница, во која се наоѓаат остатоци од 400 лица, беше пронајдена во западниот град Фалуџа, изјави ирачки офицер, јавува Anadolu Agency (АА).
„Масовната гробница беше откриена во северниот дел на Фалуџа кога безбедносните сили ја расчистувале областа од мини и експлозиви”, изјави полковникот Валид ал Дулеими за АА.
Тој рече дека останките од 400 цивилни и воени лица биле пронајдени закопани во населбата Саклава
„Труповите имаа прострелни рани на главите”, истакна ал Дулеими.
Ирачкиот офицер верува дека жртвите се убиени од страна на терористичката група ДАЕШ во периодот помеѓу 2014 и 2015 година.
Фалуџа е првиот град кој потпадна под контрола на ДАЕШ на почетокот од 2014 година.
„Останките се префрлени во мртовечница со цел идентификација на жртвите”, изјави ал Дулеими.
Ирачката влада и групите за човекови права го обвинуваат ДАЕШ за убиство на илјадници Ирачани, во периодот кога терористичката група зазеде големи површини на територијата од западен и северен Ирак во средината на 2014 година.
Минатот месец, ирачката армија, поддржана од коалицијата предводена од САД, започна офанзива на повторно заземање на сунитското мнозинство на Фалуџа од ДАЕШ.
Ирачките воени претставници рекоа дека безбедносните сили го обезбедиле јужниот дел на Фалуџа.
„Ирачките сили ја ослободија областа Боуви во јужните преградија на Фалуџа”, изјави за АА командантот за операции во Анбар, високиот генерал Исмаил Малави.
Безбедносните сили исто така ги зазедоа областите на Шухада и Џубаил во јужна Фалуџа од ДАЕШ, изјави командантот за операции во Фалуџа, генерал полкобникот Абдул Вахаб ал Саади.
Во меѓувреме, командантот на шиитските милитанти изјави дека околу 4.000 лица биле евакуирани од северна Фалуџа.
„Евакуиравме 4.000 лица од областа ал Саклава на безбедно”, изјави Хади ал Амири, лидерот на шиитската милиција „Хашд ал Шаби”.
Шиитските милитанти претходно беа обвинети за злоупотреба на човековите права кога ја зазедоа територијата на сунитските муслимани, а сунитските политичари изразија загриженост дека присуството на шиитските милитанти може да доведе до секташко насилство во Фалуџа.
Се проценува дека Фалуџа, лоцирана долж реката Еуфрат, на околу 50 километри западно од ирачкиот главен град Багдад, е дом на 90.000 жители.