свет

Јорданскиот крал поддржува формирање алијанса на Блискиот Исток налик на НАТО

Кралот Абдула II рече дека визијата и мисијата за таков воен сојуз мора „да бидат многу јасни и неговата улога треба да биде многу добро дефинирана“

Ekipa  | 25.06.2022 - Обновена : 27.06.2022
Јорданскиот крал поддржува формирање алијанса на Блискиот Исток налик на НАТО

АМАН (АА) - Јорданскиот крал Абдула II рече дека го поддржува формирањето на воена алијанса налик на НАТО во регионот на Блискиот Исток, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Кралството активно работи со НАТО и се гледа себеси како партнер на Алијансата, борејќи се рамо до рамо со трупите на НАТО со децении“, рече тој во интервју за мрежата „Си-ен-би-си“ (CNBC).

Јорданскиот крал изрази желба да види „повеќе земји од областа да влезат во тој микс“.

„Јас би бил еден од првите луѓе што ќе го поддржи блискоисточното НАТО“, додаде тој.

Кралот Абдула рече дека визијата и мисијата за таков воен сојуз мора „да бидат многу јасни и неговата улога треба да биде многу добро дефинирана“.

Кралот Абдула II ги повика арапските земји да си помогнат меѓусебно, нагласувајќи дека „несигурноста и нестабилноста во регионот ќе влијаат на регионалните проекти“.

„Целта треба да биде вин-вин решение“, рече јорданскиот крал.

Тој смета дека „израелско-палестинскиот конфликт има потенцијал да ги попречи плановите и соработката на Блискиот Исток“.

„Ако тие не разговараат меѓу себе, тоа создава несигурност и нестабилност во регионот што ќе влијае на регионалните проекти“, додаде кралот Абдула.

Што се однесува до Техеран, јорданскиот крал стави знак прашалник за „улогата на Иран во регионот“.

„Никој не сака војна, никој не сака конфликт“, рече тој. „Но, останува да се види дали земјите од Блискиот Исток можат да работат кон визија во којашто просперитетот е името на играта.“

Интервјуто на кралот Абдула доаѓа пред планираниот самит меѓу американскиот претседател Џо Бајден и арапските лидери во Саудиска Арабија следниот месец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın