Ayşe Doğru
24 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
АНКАРА (АА) - Пакистанскиот претседател, Ариф Алви, соопшти дека Индија „игра со оган“ со одлуката да го промени специјалниот статус на Џаму и Кашмир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Алви во интервјуто за „Vice News“ со седиште во Канада и САД истакна дека ако администрацијата на Њу Делхи смета дека со одлуката за промена на специјалниот статус на Џаму и Кашмир ќе ја подобри ситуацијата во регионот, тогаш таа живее во „свет на имагинации“.
Пакистанскиот претседател рече дека Индија треба да ги отповика уставните амандмани со кои се укинува специјалниот статус на Џаму и Кашмир и да им овозможи на луѓето од Кашмир сами да решаваат за сопствената иднина.
„Индија игра со оган во Џаму и Кашмир. Овој оган и да не направи нешто, безбедноста на самата Индија ќе ја претвори во пепел“, нагласи претседателот Алви.
Алви, тврдејќи дека Индија за да го одвлече вниманието на меѓународната заедница од Кашмир може да организира измамнички напади во Кашмир, истакна: „Меѓународната заедница треба да продолжи да го блокира хегемонискиот план на Индија за заземање на целиот Кашмир“.
- Индија го укина специјалниот статус на Џаму и Кашмир
Индиските власти го укинаа специјалниот статус на спорниот регион Џаму и Кашмир. Министерот за внатрешни работи на Индија, Амит Шах, го прочита тогашниот предлог-закон за измени и надополнувања на Законот, со кој се укинува членот 370 од индискиот Устав, кој го регулира статусот на споменатите региони.
Двете единици ќе имаат одвоени собранија со кои ќе раководи централната власт.
Членот 370 на тој регион му овозможуваше сопствен устав, одделно знаме и независност по сите прашања, освен за надворешната политика, одбраната и комуникациите.
Пакистан и Индија во 1947 година за првпат влегоа во војна за Кашмир. Поради истата причина, двете земји повторно војуваа во 1965 и во 1999 година.
Индија контролира околу 45 % од Кашмир, Пакистан околу 35 %, а Кина 20 %. Индискиот дел е наречен Џаму и Кашмир и денес е една од доминантно муслиманските покраини во Индија.
Пакистан на делот од Кашмир кој е под негова контрола му додели статус на две автономни територии наречени Азад Кашмир (Слободен Кашмир) и Гилгит-Балтистан.
Советот за безбедност на Обединетите нации со низа резолуции предвидува статусот на Кашмир да се реши со волјата на тамошното население и тој регион да се демилитаризира. Такво сценарио застапува и Пакистан, но не и Индија.
По укинувањето на специјалниот статус на Џаму и Кашмир од страна на Индија, Пакистан официјално ги прекина трговските односи со овие земји.