Murat Karadağ
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ТОКИО (АА) – Во градот Хирошима, Јапонија, се одржа церемонијата за одбележување 71-годишнината од катастрофата во Хирошима. На церемонијата, премиерот Шинзо Абе и градоначалникот на Хирошима, Казуми Матсуи, во своето обраќање упатија повик за формирање свет без нуклеарно оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот Матсуи одржа говор во Паркот на мирот, што се наоѓа во близината на местото каде што беше фрлена атомската бомба. При својот говор ги повика светските лидери да ја посетат Хирошима и нагласи дека тие треба да ги видат остатоците предизвикани од нуклеарното оружје.
Матсуи потсети на зборовите на претседателот на САД, Барак Обама, во мај, за време на посетата на Хирошима. Така што на државите, сопственици на нуклеарно оружје, им рече: „Треба да бидеме храбри за да се спасиме од заедничките стравови и треба да работиме на создавање земја-ослободена од стравови“.
Матсуи, во своето обраќање го извести премиерот Абе во врска со тоа да се разгледува јапонскиот устав за против-војна, и нагласи дека премиерот треба да биде водач на идејата за формирмирање свет без нуклеарки.
Премиерот Шинзо Абе, во своето обраќање посочи дека Јапонија, како единствена држава врз која беше фрлена атомска бомба, има одговорност во уништувањето на нуклеарното оружје. Тој како и Матсуи, ги повика светските лидери да ја посетат Хирошима.
На церемонијата, претставникот на Обединетите нации ја прочита пораката што ја испрати Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун.
На церемонијата што се одржа во Паркот на мирот присуствуваа претставници на 91 држава меѓу кои беа земјите кои поседуваат нуклеарно оружје, Англија, Франција, САД и Русија.
На овој ден пред 70 години, воен бомбардер на САД врз Хирошима ја фрли атомската бомба „Литл бој”, а само три дена подоцна, сојузничките сили извршија сличен напад во Нагасаки.
Во моментот на експлозијата во Хирошима загинаа 70.000 луѓе, а во следните четири месеци од последиците од нуклеарниот напад починаа речиси 200.000 луѓе. Невозможно е да се утврди билансот на последиците од радијацијата во текот на следните години.