Ekipa
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
МОСКВА (АА) - Бунтовниците во сепаратистичкиот регион Луганск, Украина, соопштија дека нивниот лидер бил ранет со автомобил-бомба, јавува Anadolu Agency (AA).
Информативниот центар Луганск кој е под контрола на бунтовниците, наведува дека утринава, направа од непознат вид експлодирала во близина на автомобилот на самопрогласениот лидер на Народна Република Луганск. Во извештајот се цитира официјалниот претставник на бунтовниците, Сергеј Козлов, кој вели рече Игор Плотнитски е однесен во болница и е во стабилна состојба.
Борбите меѓу бунтовниците поддржани од Русија и силите на украинската влада беснеат од април 2014 година, што резултираше со над 9.500 мртви и милиони раселени лица.
Луганск беше гранатиран во текот на летото на 2014 година, но линијата на фронтот, оттогаш, се пресели на десетици километри од градот. Бунтовниците целосно го контролираат градот и неговите предградија.