Elena Teslova
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
МОСКВА (АА) - Во операциите на руските сили во текот на ноќта загинале околу 40 украински војници, а погодени се над 1.000 украински воени средства, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во напади со високопрецизни ракети загинаа до 40 припадници на украинскиот воен персонал, а уништени се 7 единици воена опрема во Нововоронцовка и Кислевка“, соопшти портпаролот Игор Конашенков на дневниот брифинг во Москва.
Тој рече дека стратешките ракетни сили погодиле 1.053 воени средства, вклучително 31 командно место, 6 складишта за гориво, 910 засолништа и области со присуство на непријателот, како и 106 позиции за артилериско гаѓање.
„Други украински воени средства кои беа цел во текот на ноќта вклучуваа 4 командни места, 4 складишта за муниција, 7 засолништа и 57 подрачја на концентрација на непријателот и воената опрема“, додаде тој.
„Шест украински тенка и 9 оклопни возила се, исто така, уништени“, соопшти Конашенков.
Нагласи дека руските системи за противвоздушна одбрана, исто така, собориле 6 беспилотни возила и 2 тактички проектили „Точка-У“.
„Вкупно, од почетокот на специјалната воена операција, 140 авиони, 496 беспилотни летала, 253 системи за противвоздушна одбрана, 2.388 тенка и други оклопни возила, 256 повеќекратни ракетни фрлачи, 1.029 парчиња теренска артилерија и минофрлачки пиштоли, како и 2.232 специјални воени возила беа уништени“, рече Конашенков.
Најмалку 2.104 цивили загинаа, а 2.862 се ранети во Украина од почетокот на војната, според проценките на Обединетите нации, а реалните бројки се многу повисоки.
„Повеќе од 4,9 милиони Украинци побегнаа во други земји, а повеќе од 7 милиони се внатрешно раселени“, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.