Aldıjana Hadzıc
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Иранските официјални лица донесоа одлука за забрана на играта Pokemon Go од безбедносни причини, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката ја донесе Високиот совет на виртуелниот свет што ги следи активностите на интернет.
Одредени земји претходно даваа извештаи во кои наведуваа дека се загрижени поради (не)безбедноста која ја создава играта.
Иран е прва земја што ја забрани играта од овие причини. Да се потсетиме, Индонезија претходно им забрани на полицајците да ја играат играта додека се на должност, а во Франција беше уапсено едно лице, бидејќи за време на „ловот на Покемони” влегло во воена база.
Саудиска Арабија претходно издаде фетва против игри со карти за покемони, а која важи и за апликацијата.
Pokemon GO е апликација за мобилни телефони која се базира на технологијата на „збогатена реалност”. Играчите можат со користење на камерата на мобилните телефони да го пребаруваат просторот во реалниот свет и да фаќаат Покемони.