Elvir Hociç
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
ЈОКОХАМА (АА) - Во пресрет на глобалната еуфорија поврзана со играта и цртаниот филм за Покемон, во Јапонија се оддржа манифестација „Танц со Пикачо”, која собра илјадници љубители на овој комерцијален феномен, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници деца уживаат во друштво на стотици Пикачо маскоти во туристичката област во Јокохама, во близина на главниот град Токио.

Јапонците се познати како работлив народ, кој не практикува големи летни одмори, но судејќи по сликите од Јокохама, Покемоните го привлекоа вниманието и љубовта на Јапонците, па стотици семејства се собраа во парковите да се дружат со омилениот лик од истоимениот цртан филм и популарната мобилна игра Покемон.