Amina Zorniç
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
КИЕВ (АА) - Пет новородени младенчиња на бел лав станаа вистинска атракција во зоолошката градина "XII months" во киевската населба Демидов, каде што доаѓаат жителите од сите делови на земјата и регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на АА одблизу забележа несекојдевни глетки во куќичката на младенчињата за кои се грижи цел тим од ветеринари, бидејќи станува збор за лавови кои ретко се наоѓаат во природата.

Инаку, белите лавови кои претставуваат вистинска сензација и реткост, може да се видат воглавно во резерватите на Јужноафриканската Република.
Во минатото дивите бели лавови беа истребени поради својата необична убавина и поради крзното. Јужноафриканските биолози успеаа да го вратат белиот лав во резерватите и во природата.
Освен во јужноафриканските природни резервати, белите лавови ги има и во неколку светски зоолошки градини. Се верува дека во зоолошките градини низ светот има околу 300 бели лавови.