Ekipa
06 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
БАРСЕЛОНА (АА) - Шпанската полиција уапси седум лица за размена на детска порнографија на интернет, јавува Anadolu Agency (AA).
Апсењата се резултат на истрагата преку која беше дојдено до илјадници насилни фотографии. Полицијата беше информирана од фирма која е специјализирана за податоци од расипани компјутери. На хард дискот на еден клиент биле пронајдени слики на сексуално злоупотребени деца.
Полицијата соопшти дека на дискот имало над 27.500 илегални слики од 478 жртви, а биле пронајдени и видео игри на кои се појавува симулација на сексуална злоупотреба на деца.
Сопственикот на хард дискот е уапсен во една куќа во близина на Барселона. Во Барселона се уапсени уште четири лица, вклучувајќи и еден Британец кој работи како професор по англиски јазик. Другите две лица се уапсени во други делови на Шпанија.
Од полицијата велат дека истрагата во врска со уште три инволвирани лица е во тек.