Mutez Muhammed, Ahmed Hanife,Zeynep Hilal Karyağdı
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
КАИРО (АА) - Во последната година и пол во Египет биле приведени над 26.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот што го објави египетскиот Координативен центар за права и слободи стои дека во последните 18 месеци ширум државата биле приведени 26.207 лица, со исклучок на полуостровот Синај.
Во извештајот се вели дека поради безбедносни проблеми на Синајскиот Полуостров, биле тешко достапни информациите во врска со бројот на приведените.
„Оваа состојба е доказ дека вистинската бројка е поголема“, се вели во извештајот.
Во еден друг извештај, што претходниот ден беше објавен од страна на Центарот, се вели дека во египетските затвори, во последните 18 месеци биле откриени 344 случаи на тортура или намерни медицински занемарувања.
Во извештајот се додава дека веројатно вистинската бројка на приведени е поголема од објавената и дека немало попрецизни информации поради недостатокот на комуникација со приведените.