Alma Çekovic
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија денес се одбележува 68-годишнината од смртта на духовниот и политички лидер на земјата Махатма Ганди, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Њу Делхи се одржа церемонија и молитва по повод годишнината од смртта на Ганди, на која присуствуваше индискиот претседател Пранаб Мукерџи, премиерот Нарендра Моди и претседателката на Индискиот национален конгрес Соња Ганди.
Премиерот на Индија исто така им одаде почест на сите оние кои го положија својот живот за ослободувањето на таа азиска земја.
„Се присетуваме на храброста на сите маченици кои ги дадоа своите животи за нацијата. Нивната жртва остави трага во нашето сеќавање”, напиша на социјалната мрежа Твитер премиерот Моди.
Махатма Ганди е роден на 2-ри октомври 1869 година во Индија, а адвокатура учел во Велика Британија. Подоцна живеел во Јужна Африка, каде основал движење за граѓански права на индиските доселеници. Во својата земја се вратил во 1914 година, а по Првата светска војна станал член на Индискиот национален конгрес и еден од неговите лидери.
Повеќепати е апсен поради серија ненасилни акции со цел постигнување независност на земјата. Неговите напори вродиле со труд во 1947 година, кога Велика Британија ѝ даде независност на Индија. Една година подоцна, Ганди е убиен од хиндустичкиот националист Натурама Годси.