Балкан

Претседателот на Партијата за движење на Турците со честитки по повод 100-годишнината на АА

„100-годишнината од основањето на Агенцијата Анадолија им ја честитам на сите вработени, особено на раководството на АА, и на сите ценети вработени им посакувам континуиран успех“

Husamedin Gina  | 06.04.2020 - Обновена : 07.04.2020
Претседателот на Партијата за движење на Турците со честитки по повод 100-годишнината на АА

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, кој воедно беше и пратеник во минатиот состав на Собранието на Република Северна Македонија, на сите вработени во Агенцијата Анадолија (АА), на чело со раководството, им ја честита 100-годишнината од основањето, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Енес Ибрахим, на својот профил на социјалните медиуми упати честитка по повод 100-годишнината од основањето на Агенција Анадолија (АА).

„100-годишнината од основањето на Агенцијата Анадолија им ја честитам на сите вработени, особено на раководството на АА, и на сите ценети вработени им посакувам континуиран успех“, нагласи Ибрахим.

Тој во пораката потсети дека Агенцијата Анадолија е основана со инструкциите на Мустафа Кемал Ататурк, од страна на Халиде Едип Адивар и Јунус Нади, со цел да се даваат одлуките и информациите за Борбата за независност кон пошироките кругови.

Ибрахим, исто така, истакна дека верува во тоа дека Агенцијата Анадолија ќе продолжи да ги пренесува информациите до граѓаните, без да ги загрози нејзините принципи и цели, исто како што го правеше тоа за време на Борбата за независност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.