Fatjon Cuka
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија уште еден пациент почина поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што бројот на починати во земјата се искачи на 22 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека во Инфективната болница во Тирана починал 90-годишен пациент заразен со Ковид-19.
Во Албанија се детектирани вкупно 377 случаи со Ковид-19, меѓу кои се и починатите и 116 излекувани лица.