Emre Aytekin
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати поради епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) низ целиот свет ја надмина бројката од 70 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, каде што се евидентираат податоците за Ковид-19, бројот на смртни случаи во светот се зголеми на 70.172, а бројот на потврдени случаи со вирусот на 1.282.040.
Земја со најголем број починати поради Ковид-19 е Италија, со 15.887 смртни случаи. Потоа следуваат Шпанија со 13.055 смртни случаи, САД со 9.620, Франција со 8.078, Велика Британија со 4.934 и Иран со 3.603.
Во Кина, каде што се појави епидемијата, досега од коронавирусот починаа 3.331 лице.
Потоа следуваат Холандија, со 1.766 смртни случаи, Белгија со 1.632 смртни случаја и Германија со 1.584 смртни случаи.
Ковид-19 најпрвин се појави во декември 2019 година во Вухан, Кина, и досега се рашири во 200 земји низ светот.