Safvan Allahverdi
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Официјалниот извештај на американската влада потврди дека минатата година е најтоплата од 1880 година, од кога се врши мерење на глобалната температура, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на САД го објави 27. Годишен извештај за климатските промени, кој е направен од страна на над 450 научници од речиси 60 земји од светот, собрани во ресорната опсерваторија.
Во извештајот се наведува дека 2016 година беше трета последователна најтопла година од почетокот на мерењата.
Се наведува дека е продолжен растот на глобалната температура на воздухот и на почвата, поради влијанието на Ел Нињо, климатскиот феномен во Пацификот.
Покрај рекордните температури, минатата година е забележано рекордно високо ниво на морето и на стакленичките гасови во атмосферата, а тие рекорди се нешто што од година во година се рушат.
Не е јасно какво влијание ќе има последниот извештај на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се повлече од Парискиот договор во борбата против климатските промени.