Ekipa
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
НАЈРОБИ (АА) - Најмалку пет лица загинаа во одвоени инциденти вчера за време на протестите кои следеа по генералните избори во Кенија, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите започнаа по прес-конференцијата на опозицискиот лидер Раила Одинга, за време на кои претседателскиот кандидат ги негираше прелиминарните резултати објавени од страна на изборната комисија, велејќи дека тие биле наместени.
Тој тврдеше дека серверите на комисијата биле пробиени и биле објавени лажни бројки во корист на владејачката парија.
Првиот инцидент се случи кога демонстрантите во сиромашниот кварт Матхаре, во главниот град Најроби, го блокираа сообраќајот со палење оган на улиците.
Полициски службеник на местото на настанот, кој зборуваше под услов на анонимност, изјави дека две лица биле убиени за време на немирите.
„Полицаец пукаше во лице кој му помагаше на демонстрант што беше забоден со нож. Двајцата починаа”, рече тој.
Во одделен инцидент во изборната единица во општината Тана Ривер долж кенискиот брег, петмина лица со нож го нападнаа изборниот центар убивајќи едно лице.
Најмалку двајца од напаѓачите биле неутрализирани од страна на полицијата, изјави Лери Кенг, регионален полициски координатор.
Кенијците излегоа на гласање во вторникот, за избор на нова влада.
Актуелниот претседател Ухуру Кенјата води со добиени 8003.673 гласови во споредба со Одинга кој има 6.604.273 гласа.