Emel Öz Gözellik
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
БАНГКОК (АА) - Девеесет и едногодишна жена од Тајланд се стекна со универзитетска диплома, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, 91-годишната Кимлан Јинакул по 10-годишно студирање дипломира на катедрата за животна средина на отворениот универзитет „Сукхотаи Таматират“ (Sukhothai Thammathirat).
Кимлан истакна дека образованието нема ограничување во возраста. Таа додаде дека пред многу години морала да паузира со своите студии, но, како што рече таа, сега е многу среќна што имала можност да го заврши своето образование.
Дипломата на Кимлан ѝ беше доделена од страна на кралот на Тајланд, Маха Ваџиралонгорн.
Во Тајланд, дипломите на дипломираните студенти им ги доделуваат членовите на кралското семејство.