Şerife Çetin
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ги заостри санкциите кон Северна Кореја, која врши нуклеарни и балистички тестирања, и на листата за санкции додаде девет физички и четири правни лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот на Европската Унија соопшти дека во согласност со одлуките на Советот за безбедност на ОН (СБОН), заострени се санкциите кон Северна Кореја.
На проширената листа на санкции на ЕУ се наоѓаат 50 правни лица и 62 физички лица чиј имот е замрзнат или за нив е донесена забрана за издавање на визи.
„На листата на ОН под рестриктивни мерки се наоѓаат 62 физички и 50 правни лица. Дополнително, на посебна листа на ЕУ се наоѓаат 41 физичко лице и седум правни лица“, се соопштува од Советот на ЕУ.
Освен тоа, Советот во согласност со одлуките на СБОН работи на примена на дополнителни санкции кон Северна Кореја.
ЕУ ги воведе првите санкции кон Северна Кореја во 2006 година. Забранета е трговијата со оружје со таа земја, како и обезбедувањето производи, услуги и технологија којашто ќе придонесе за развојот на севернокорејската технологија на балистички проектили.