İlyas Tayfun Salcı
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ЛОНДОН - Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа во Велика Британија одзеде 494 животи, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 33.186, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министертвото за здравство на Велика Британија преку својот профил на Твитер објави дека последното деноноќие бројот на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 е зголемен за 494 лица, и дека вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 33.186.
Последните 24 часа се детектирани 3.242 лица позитивни на новиот тип коронавирус, со што вкупниот број на лица кај кои е дијагностициран Ковид-19 изнесува 229.705.
Досега во земјата направени се 2.094.209 тестирања, врз 1.522.258 лица (некои тестови се повторени). Последните 24 часа се направени 87.063 тестови.
- На сесијата прашања за премиерот, дебата околу домовите за стари лица -
Во Долниот дом на британскиот Парламент денес имаше сесија со премиерот, а печат на сесијата остави дебатата околу смртните случаи во домовите за стари.
Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија која е главната опозициска партија во Британија, истакна дека врз основа на податоците добиени од еден кардиолог, за време на пандемијата во земјата, старите лица кои биле отпуштени од болница, новиот тип на коронавирусот го пренеле во домовите за стари лица.
Стармер ги критикуваше и државните официјални податоци во кои било прикажано дека до 12 март домовите за стари биле прикажани како места со „низок ризик“, додавајќи дека само во април постојат дополнителни 10.000 смртни случаи кои Владата официјално ги нема прикажано.
- Изјава на Џонсон за домовите за стари лица -
Премиерот Борис Џонсон одговарајќи му на Стармер изјави дека во март и април бил мал бројот на стари лица од домовите за стари лица кои биле отпуштени од болниците и додаде: „Имаме активна политика кон лицата што беа испратени во домовите за стари лица и ги забрзавме тие тестови.“
Џонсон го негираше тврдењето дека домовите за стари лица биле прикажани како места со „низок ризик“, но докумените објавени во британските медиуми ги потврдија тврдењата на опозицискиот лидер.
Иако Џонсон истакнува дека значително е намалена бројката на смртни случаи во домовите за стари лица, тој рече: „Откако јасно ќе се потврди точната бројка, јас нема да тврдам дека тие не се застрашувачки“.