Firdevs Bulut
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
АНКАРА
Речиси 9.700 турски граѓани се во карантин како дел од мерките за спречување на Ковид-19, изјави турскиот министер за млади и спорт, Мехмет Касапоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 9.647 граѓани се во изолација во студентски домови во 76 покраини“, изјави Касапоглу.
„Во меѓувреме, 62.593 граѓани досега се ослободени од карантин откако им поминал 14-дневниот период“, додаде тој.
Министерот Касапоглу рече дека има тесна соработка помеѓу државните институции за олеснување на процесот.
„Домаќини сме на нашите граѓани кои пристигнаа од сите страни на светот. Сите тие се сместени во студентски домови“, рече Касапоглу.
Досега, вкупно 72.240 граѓани биле во карантин, а во последните 24 часа има нови приеми.
Во Турција денес се регистрирани 3.109 оздравени лица, со што вкупниот број на оздравени изнесува 98.889. Бројот на починати е 3.894, додека бројот на заразени со Ковид-19 изнесува 141.475.