Şenhan Bolelli
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 184 лица, со што вкупниот број на починати достигна 27.104, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека е забележан пораст во бројот на починати во однос на вчера кога починаа 176 лица.
Во соопштението се наведува дека се регистрирани 439 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 228.691.
Во истиот период се излекувани 2.000 лица кај кои не е потврдено заразување со Ковид-19 и вкупниот број на излекувани надмина 140.000.
Министерството за здравство издаде наредба за задолжителен карантин за лицата што од странство доаѓаат во Шпанија. Оваа наредба ќе стапи на сила на 15 мај и ќе се однесува на периодот на вонредната состојба.
Шпанските власти ја окарактеризираа наредбата за задолжителен карантин како јакнење на контролните мерки по повод нормализацијата во многу земји.