Şenhan Bolelli
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
МАДРИД (АА) - Веќе петти ден по ред Шпанија бележи значителен пад на дневниот број на смртни случаи од коронавирусот Ковид-19, што во последните 24 часа се зголеми за 637, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше информациите за Ковид-19, според кои вкупниот број на починати се искачи на 13.055.
Во Шпанија, една од земјите најпогодени од епидемијата на Ковид-19, е забележано најмало зголемување на смртноста од 24 март.
Според податоците на Министерството, вкупниот број починати се зголемил на 13.055, со пораст од 637 во однос на вчерашниот ден.
Највисоката дневна бројка на смртни случаи кај пациентите дијагностицирани со Ковид-19 во оваа земја е соопштена на 2 април, кога починаа 950 лица. Од тој датум смртните случаи почнаа да се намалуваат.
Според датумите, бројката на смртни случаи од Ковид-19 во Шпанија е: на 24 март починале 514 лица, на 25 март 738 лица, на 26 март 655 лица, 27 март 769, на 28 март 832, 29 март 838, 30 март 812, 1 април 864, 2 април 950, 3 април 932, 4 април 809 и на 5 април 674 лица.
Од друга страна, бројот на случаи во последните 24 часа се зголеми за 4.273 и ја достигна бројката од вкупно 135.032.
Во моментов, 6.931 (зголемување за 70 во однос на вчерашниот ден) од пациентите со Ковид-19 се наоѓаат на интензивна нега, додека бројот на излекувани пациенти се зголеми на 40.437, бидејќи вчера од болниците беа пуштени 2.357 излекувани пациенти.
Од друга страна, според податоците на Министерството за здравство, бројот на починати во автономната администрација на Мадрид, најмногу зафатена од вирусот, во последните 24 часа се зголеми за 195, со што вкупната бројка се искачи на 5.136.
Исто така, соопштено е дека во Мадрид се намалил бројот на починати, заразени и бројот на пациенти што се наоѓаат на интензивна нега.
Забележано е дека досега од коронавирусот во Шпанија починале 12 здравствени работници.
Владата соопшти дека ќе ја продолжи вонредната состојба, што стапи на сила на 14 март за борба против Ковид-19, до полноќ на 25 април.
Владата, исто така, планира постепено да го намалува опсегот на вонредната состојба и да активира некои деловни линии од 12 април.
За ова Собранието треба да донесе одлука оваа недела.