АНКАРА (AA) - Голем број новински агенции од светот и од регионот упатија честитки до Агенција Анадолија (АА) по повод 100-годишнината од нејзиното основање.
- Ројтерс -
Претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг, упати честитски до Агенција Анадолија по повод 100-годишнината, а во писмото упатено до претседателот на Управниот одбор, а воедно и генерален директор на Агенција Анадолија (АА), Шенол Казанџи, нагласи: „Оваа годишнина е важна пресвртница и доказ за способноста и напорната работа на сите во агенцијата.“
Посочувајќи на вредното партнерство помеѓу АА и Ројтерс, Фриденберг истакна:
„Во оваа прилика би сакал да ви честитам и за нашето драгоцено партнерство. За обете страни е од корист дистрибуирањето на видеата на Агенција Анадолија преку Ројтерс конект (Reuters Connect). Оваа соработка ќе ја поддржи АА да достигне поширока и глобална публика, од друга страна нашите клиенти ќе добијат важна содржина од Блискиот Исток и пошироко. Ние сме многу среќни што соработуваме со вас на овој начин. Во име на Ројтерс им посакувам среќа на сите што работат во АА за 100-годишнината. Ви благодарам повторно за соработката. Имајте уште многу 100-годишнини.“
- „Се воспостави блиско и силно пријателство помеѓу АА и ЈОНХАП“ -
Чо Сунг-боо, претседателот и генерален директор на Новинската агенција на Јужна Кореја, ЈОНХАП, а воедно и претседател на Асоцијацијата на азиско-пацифички новински агенции (OANA), во своето писмо до Казанџи упати честитки за 100-годишнината на агенцијата.
Во своето писмо, истакнувајќи дека ја ценат довербата и славата што АА ја стекна со својата новинарска мисија, Чо истакна: „Агенцијата Анадолија успеа успешно да помине низ најпредизвикувачките и бурни времиња од своето основање.“
- Медиумската информативна агенција (МИА) -
Генералниот директор на Медиумската информативна агенција (МИА), Драган Антоновски, упати честитки за 100-годишнината на АА.
Тој во честитката нагласи дека како МИА упатуваат честитки до АА по овој повод, нагласувајќи дека едновековното постоење во медиумскиот свет е успех за пофалба.
„Агенција Анадолија е основана речиси истовремено со Република Турција, и од тој период продолжи да информира за важните настани во историјата, како и за светот“, истакна Антоновски.
Тој рече дека МИА и АА имаат долга соработка во рамки на Алијансата на новински агенции на Балканот и Југоисточна Европа (АБНА-СЕ).
Антоновски посака АА да постои уште повеќе години на медиумската сцена на Турција и светот, и да продолжи со успешната работа.
Тој исто така подвлече дека се подготвени за понатамошно развивање на соработката, која вклучува заемни интереси во секоја област.
„Ние како новински агенции работиме за интересите на народот, и претставуваме темел на медиумската писменост и професионалното новинарство“, додаде Антоновски.
- Албанската телеграфска агенција (АТА) -
Генералната директорка на Албанската телеграфска агенција (АТА), Армела Красниќи, упати честитки по повод 100-годишнината од основањето на АА.
„Вистинска привилегија е во мое име и во име на агенцијата на чие чело се наоѓам јас, да ви упатам срдечни честитки по повод 100-годишнината на АА“, истакна таа во нејзината порака до претседателот на Управниот одбор, а воедно и генерален директор на АА, Шенол Казанџи.
Красниќи нагласи дека оваа специјална годишнина укажува на исклучителните вкоренети и долговековни историски и традиционални односи меѓу Турција и Албанија.
„АА, која е една од најстарите агенции на Балканот, докажа дека е главен извор на вести на Турција и е пример за другите агенции“, рече таа, додавајќи дека АА станала уште повредна со отворањето на сервисот на албански јазик.
„100-годишнината од основањето на АА е извор на радост за сите нас“, додаде Красниќи.
- Новинската агенција на Босна и Херцеговина (ФЕНА) -
Меѓу другото, генералниот директор на Новинската агенција на Босна и Херцеговина (ФЕНА), Елмир Хуремовиќ, исто така упати честитки по овој повод и нагласи дека АА оваа 100-годишнина ја одбележува во еден тежок период што го погоди целиот свет.
Хуремовиќ истакна дека тие како ФЕНА се горди што со години соработувале со АА во секоја област.
„Сигурен сум дека АА и во наредните години ќе биде важен поддржувач на турската држава и турскиот народ. Упатувам најсрдечни честитки до вас и до сите вработени на АА по повод оваа специјална годишнина“, рече Хуремовиќ.
- Словенечката новинска агенција (STA) -
Генералниот директор на Словенечката новинска агенција (STA), Бојан Веселиновиќ, во писмото испратено до Казанџи, нагласи: „Искрено честитаме за 100-годишнината на Агенција Анадолија на сите вработени во Турција и во другите земји во светот.“
Во писмото, Веселиновиќ, потсетувајќи дека АА има 100-годишна традиција, потенцираше дека имаат желба да соработуваат со АА.
news_share_descriptionsubscription_contact
