Mehmet Tosun
25 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави порака по повод 12-годишнината од смртта на основачот на Партијата на големото единство (BBP), Мухсин Јазиџиоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во таа пригода истакна дека Јазиџиоглу оставил посебен печат во турскиот политички живот и дека се работи за човек кој вистински ги сакал својата земја и народ.
„Нашиот народ сѐ уште се сеќава на Мухсин Јазиџиоглу, на неговата борба за единство и слога на нашата земја, неговиот бескомпромисен став со кој не нанесе штета на националната волја, како и на неговиот примерен карактер, храброст и искреност. Нека почива во мир. Исто така, изразувам сочувство до неговото семејство, семејството на Партијата на големото единство и на нашиот народ“, изјави Ердоган во пораката.
Јазиџиоглу беше турски политичар и член на турскиот Парламент. Тој беше челник и основач на Партијата на големото единство (BBP).
Роден е на 31 декември 1954 година, а загина на 25 март 2019 година, при пад на хеликоптер во југоисточната турска област Кахраманмараш, по политички собир само четири дена пред локалните избори.