Büşra Selvi Öğütcen
30 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
ЛИМА (АА) - Научниците од Перу ги добија првите компири одгледани во лабораторија, во услови слични на оние на планетата Марс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заеднички проект на Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) и научници од Перу, стебло од компир засадено во земја земена од пустината Пампас де ла Хоја го дало првиот плод.
За да се симулираат услови исти како оние на Марс, температурата во лабораторијата била под нулата, обезбедена е висока концентрација на јаглерод моноксид, возушен притисок како на 6.000 метри надморска височина и светлосен систем сличен на денот и ноќта на Црвената планета.
Истражувачите од пустината донеле 700 килограми земја, во која засадиле 65 видови компир, но од нив никнаа само 4 вида.
Подоцна, наместо земја, поставени се каменести парчиња и хранлив раствор и засаден е најиздржливиот вид на компир. Благодарение на камерите поставени во лабораторијата, забележано е како никнува растението и како излегуваат неговите листови. На крајот од овој процес, компирот даде плод.
Астробиологот Хулио Валдивија, од Универзитетот за инженерство и технологија, истакна дека отпорноста на компирот е значајна од аспект на истражувањето за местата во светот каде што комирот не стасува.
Валдивија изјави дека супер компирите се отпорни на средини со висока концентрација на јаглероден моноксид и температури блиски до точката на мрзнење.
Перу и соседните земји Боливија и Еквадор, на студена и неплодна земја одгледуваат повеќе од 4.000 видови компири.