Ekipa
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, изрази подготвеност да се состане со американскиот колега Доналд Трамп на маргините на Арктичкиот самит, кој би требало да се одржи во Финска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Путин и претседателот на Финска, Саули Нинисте, разговарајќи на Арктичкиот форум во рускиот град Архангелск, истакнаа дека се отворени за таква средба.
На прашањето дали Финска ќе одржи состанок на лидерите на земјите на Арктикот, Нинисте изјави дека неговата земја би била почестена да биде домаќин на двајцата претседатели.
Тоа би било прва средба на двајцата официјални претставници, а Путин истакна дека ќе му биде мило да учествува на самитот, доколку тој биде одржан.
Финска во мај ќе го преземе ротационото претседателство со Арктичкиот совет.